Антикорупциска му одговори на Иванов: Обвинувањата се паушални

Архивска фотографија од седница на Антикорупциска комисија (ДКСК)

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) „со иднигнација и во целост“ ги отфрла, како што се наведува во нивното соопштение, искажаните обвинувања и „паушални наводи“ објавени од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов кон претседателот на Комисијата Билјана Ивановска. Во соопштението се наведува дека ДКСК е колективно тело и сите одлуки ги носи на јавна седница со мнозинство гласови, така што целосно е неосновано искажаното сомневање за злоупотреба на нејзината функција.

Од Антикорупциската комисија велат дека на доставеното барањето од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов писмено ќе одговорат.

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов денеска упати писмено барање до претседателката на ДКСК, Биљана Ивановска, за доставување на информација за состојбата, статусот на отворените предмети кои ги води за него, предмет за потпишување укази за унапредување на генерали за време на изборен процес и предмет за зголемување на имотната состојба. За овие предмети, како што наведуваат од Кабинетот на порнешниот претседател, и покрај изминатите 20 месеци не е преземено ништо согласно законските утврдени рокови.