ЕУ со трет сет економски санкции кон Белорусија

Свјатлана Цихануаскаја на церемонијата за наградата Сахаров

Амбасадорите на ЕУ се согласија за нов пакет

економски санкции кон Белорусија, поради начинот на кој ги сузбива опозициските протести во земјата. Санкциите се насочени кон 29 лица и седум фирми или организации, соопштија денеска од Унијата. Мерките вклучуваат забрани за водење деловни активности со земјите од ЕУ, замрзнување на имот и забрани за патувања.

Ова е трет пакет санкции на ЕУ кон Белорусија, а мерките треба официјално да бидат изгласани за време на состанокот на Европскиот совет на 17 декември, по што ќе биде објавен списокот на санкционирани.

Одлуката на амбасадорите на ЕУ доаѓа во ист ден кога на Свјатлана Цихануаскаја и другите лидери на белоруската демократска опозиција им беше доделена највисоката награда за човекови права на ЕУ - „Сахаров“ за слобода на мислата во 2020 година.

Александар Лукашенка, кој е на чело на Белорусија 26 години, неговиот син и повеќе од 50 претставници на Белорусија веќе се санкционирани од ЕУ.

Лукашенко, се соочува со речиси секојдневни протести на кои се бара негова оставка. Протестите започнаа по претседателските избори на 9 август, за кои опозицијата вели дека биле наместени и кои Западот одбива да ги прифати.