Историја и вакцинација

МАКЕДОНИЈА - Не се укинува историјата како предмет во основното образование, ниту пак која било друга научна дисциплина, соопштуваат од Министерството за образование и наука (МОН), по објавите, меѓу кои и на опозицијата дека предмет историја се брише.

ЕРМЕНИЈА - Оспорениот премиер на Ерменија, Никол Пашинијан изјави денеска дека сам не може да одлучи да распише предвремени парламентарни избори. Тој се соочува со зголемени повици да си даде оставка, по минатомесечниот договор за прекин на огнот со Азербејџан.

МАКЕДОНИЈА - Пратениците со 61 глас ЗА, без против и без воздржани на денешната седница ги избраа Иџет Мемети и Љупчо Ивановски за членови на Советот на јавни обвинители.

МАКЕДОНИЈА - Заблагодарувајќи им се на сите граѓани кои се на првата линија на фронтот во борбата со пандемијата на Ковид-19 во Македонија, претседателот Стево Пендаровски, во денешното годишно обраќање, порача дека тие се вистинските херои во 2020-та година, но и дека е сигурно дека во пресрет на вакцинирањето против вирусот, нè очекува нов бран на негативни кампањи кои ќе ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат, со ширење теории на заговор на социјалните мрежи.

МАКЕДОНИЈА - Грција ја продолжи забраната за влез на странски државјани, вклучувајќи ги и македонските, до 7 јануари. Врз основа на заедничката министерска одлука на грчката влада од 12 декември 2020 година, во сила е забрана за влез на странски државјани во Грција, со цел да се спречи понатамошното ширење на Ковид-19.

МАКЕДОНИЈА - И претходно и сега сум убеден дека членството во ниту една меѓународна организација не е вредно ако од вас бараат да се обезличите, рече денеска претседателот Стево Пендаровски во своето годишно обраќање во Собранието.

БУГАРИЈА - Бугарија е најсиромашна земја во Европската унија (ЕУ), а зад неа е Хрватска, покажуваат најновите податоци на Евростат објавени денеска. Според таа статистика, девет земји членки се над просекот на ЕУ во однос на материјалната благосостојба на домаќинството.

РУСИЈА - Рускиот опозициски активист Константин Котов кој беше во затвор поради повеќекратно учество во протести денеска е ослободен по одлежување на затворската криза. 35-годишниот програмер Котов беше приведен на 10 август лани поради учество во протест на опозицијата на кој се бараше независни кандидати да бидат ставени на гласачкото ливче на изборите во Москва кои се оддржаа во септември минатата година.