Кризна состојба до 30 јуни и пописот ставени на пленарна седница

Архивска фотографија од пленарната седница на Собранието

Во Собранието денеска се очекува да се одржат три пленарни седници, од кои, на првата ќе се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, на втората ќе се расправа и гласа за прогласување на кризна состојба до 30 јуни и третата на која ќе почне петдневната расправа за дополнетиот предлог буџет за 2021 година.

На пленарната седница која почна в понеделникот а денеска ќе продолжи се одвиваше дебата за законот за попис и за прогласување на кризна состојна во државата до 30 јуни во отсуство на опозицијата. Меѓу другото на таа седница се разгледуваше и предлогот Иџет Мемети да стане член на Советот на јавни обвинители.

Тој досега ја извршуваше функцијата Народен правобранител и наскоро му истекува мандатот и правато за повторен избор на истата функција. Гласањето за овие точки беше оневозможено поради недостаток на кворум, па денеска повторно ќе бидат на дневен ред пред пратениците.