Пристапните разговори на С. Македонија на состанок на ЕУ амбасадорите

Македонскиот вицепремиер Никола Димитров и германскиот министер за Европа, Мајкл Рот, Брисел (22 септември 2020)

На денешниот состанок на амбасадорите на Европската унија во Брисел, според наводите на европските дипломати, на дневен ред ќе бидат ставени заклучоците за проширувањето на ЕУ за Македонија и Албанија кои претходно не беа разгледувани поради бугарското вето на преговарачката рамка за нашата земја. Во Брисел ќе биде и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој изјави дека германското претседателство е упорно и го користи секој момент за да издејствува да се усвојат заклучоците за проширувањето на ЕУ.

Каракачанов - Северна Македонија да го спроведе Договорот за добрососедство

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот во неговата последна колумна е категоричен дека „ЕУ мора да си го исполни ветеното и да испорача, а Софија не може да го држи во заложништво нејзиното проширување“. Дискусијата за проширувањето меѓу амбасадорите на земјите-членки во предминатата недела беше симната од дневен ред и не беа усвоени заклучоците поради ставот на Бугарија дека не може да се одржи првата меѓувладина конференција за пристапни преговори со Македонија без решавање на билатералните спорови.