Нови 881 заразени со ковид-19 и 22 починати

Ковид-19 центар во Скопје

Во изминатово деноноќие се регистрирани 881 нови случаи на заразени со коронавиросот од 2902 направени тестови. Најмногу нови случаи на заболени се евидентирани во Скопје-425, потоа во Прилеп - 55 и Куманово-40.

Починати се 22 лица од кои седум пациенти од Скопје. Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 74732, бројката на оздравени пациенти е 50852, на починати е 2169, а бројот на активни случаи изнесува 21711. Според досега завршените епидемиолошки анализи најмногу активни случаи има во Скопје каде бројот на активно заразени пациенти изнесува 11492, Тетово е на второ место со 1005 активни случаи на коронавирусот, потоа е Прилеп со активни 877 и Битола со 812. Најмал број на активни случаи на заразени со коронавирусот брои Пехчево со 19 случаи, а по него е Кратово со 26 и Демир Хисар со 44 активни случаи на заразени со ковид-19.