Од Мицкоски и ЛГБТИ до вакцинирањето на Заев

УНГАРИЈА - Унгарскиот паралмент денеска усвои закон со кој се забранува посвојувања деца на истополови парови, како дел од пакетот нови мерки кои што од активистите за човекови права и заштита на правата на ЛГБТ заедницата се опишани како хомофобични и трансфобични.

МАКЕДОНИЈА - Опозицијата ги критикува новите мерки на Владата за спречување на ширење на коронавирусот. За ВМРО-ДПМНЕ овие мерки – немерки, како што ги нарекува, велат дека цела зграда за хирургија во кампусот Мајка Тереза, ќе ја претворат во ковид центар. Од партијата сметаат дека е грешка потегот со кој, како што велат, се претвори целокупното здравство во ковид- здравство, лечејќи само една дијагноза.

ШВАЈЦАРИЈА - Наставниците да бидат меѓу приоритетните во вакцинирањето против ковид-19, препорача УНИЦЕФ. Според нив пандемијата на Ковид-19 му нанесе огромна штета на детското образование во целиот свет.

МАКЕДОНИЈА - Ќе се вакцинирам со вакцините кои ќе ги набави државата преку Ковакс системот за да дадам личен пример во напорите за сузбивање на ковид 19. Верувам во безбедноста на вакцината и во тврдењето на научниците, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - Муслиманскиот и хрватскиот претставник во трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина денеска одбија да се сретнат со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој е во официјална посета на Сараево. Тие ја одбија средбата со рускиот министер, по неговите коментари на Дејтонскиот мировен договор, со кој се стави крај на војната во БиХ.

СЛОВЕНИЈА - Во неколку региони во Словенија се укинуваат дел од рестриктивните мерки против ковид-19, одлучи словенечката Влада. Дел од мерките се укинуваат од денеска до 23 декември. Во Словенија од денеска повторно ќе функцинира јавниот превоз, а се отвораат и фризерниците, цвеќарниците, автопералниците и сервисите за хемиско чистење.

РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин денеска му честиташе на Џо Бајден за победата во Изборниот колеџ, со кој формално беше избран за нов претседател на САД. Како што соопшти Кремљ, Путин во пораката до Бајден напишал: Од моја страна, подготвен сум за соработка и контакти со вас.

САД - Американскиот државен обвинител Вилијам Бар поднесе оставка поради тензиите со претседателот Доналд Трамп во врска со неоснованите тврдења на претседателот за изборни измами.

ТУРЦИЈА - Турција како голема грешка ја оцени одлуката на САД да воведат санкции врз земјата заради набавката на рускиот ракетен систем С-400 и најави дека ќе му возврати на Вашингтон на начин што ќе го смета за неопходен, бидејќи повеќепати го повикуваше ова прашање да го надминат со дијалог.

ХОЛАНДИЈА - Петнеделен карантин ќе се воведе во Холандија во обид да се спречи ширењето на коронавирусот, изјави холандскиот премиер Марк Руте.

САД - Изборниот колеџ на САД формално ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори. Бајден го расчисти прагот од 270 гласачи, откако 55-те избирачи на Калифорнија го дадоа својот глас за демократот. Џо Бајден веднаш потоа во обраќањето до нацијата ги повика Американците да го свртат листот на времето на Трамп.