Бесими: Со нов закон до посилна контрола во јавниот сектор

Фатмир Бесими

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска информираше дека со новиот Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор ќе се воведе нов систем на раководна отчетност во финансиското управување и контрола на институциите од јавниот сектор.

Бесими ова го најаваи на денешната јавна дискусија за овој нов нацрт-закон, и, како што најавија од Министерството за финансии, воо наредниот период, Министерството ќе работи заедно со институциите во изготвување интерни акти за клучните процеси од финансиското управување и контрола преку коишто ќе се зајакнува внатрешната контрола.

„Новина во Законот е што се создава нов систем на раководна отчетност во финансиското управување и контрола, согласно што се зголемува улогата на раководителот на матичниот буџетски корисник, а кај раководителите на внатрешните организациони единици се зголемува одговорноста пред раководителот на субјектот“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Целта на Законот, како што потенцира, е зајакнување на внатрешната финансиска контрола, преку зголемување на одговорноста и отчетноста на раководните лица.