За 24 часа во скопските ковид центри примени 43 нови пациенти

Илусрација - Ковид-19 амбуланта во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. На инфективните оддели во главниот град сега се лекуваат вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19, соопшти претпладнево Министерството за здравство (МЗ).

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, четири пациенти на Институтот за ТБЦ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Очната клиника и двајца на Клиниката за гастроентерохептологија. На ОРЛ се примени два нови болни.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 14 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.