Во болниците има 1331 ковид пациент и околу 170 слободни места

Ковид-19 центар во Скопје

На инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава има е 1.331 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваа, а има околу 170 слободни болнички кревети. Во Скопје се лекуваат 505 лица, а во ковид центрите во државава хоспитализирани се 826 пациенти, ја објави денеска Министерството за здравство статистиката за последните 24 часа.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени на лекување 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.