Нови 982 позитивни на коронавирус, 19 починати

Клиника за инфективни болести, Скопје

Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 982 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 2.805 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 73.025. Починати се 19 пациенти во изминатото деноноќие, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 2.096 лица.

Во моментов во земјава има 22.203 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 456, а потоа следуваат Прилеп со 69, Куманово 24, Тетово 36, Велес 26 и Битола 45...

Денеска Институот за јавно здравје регистрира 556 оздравени пациенти.

Досега во Северна Македонија направени се вкупно 363.021 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 48.726 лица од почетокот на пандемијата во февруари оваа година.