На клиниките во Скопје се лекуваат 480 заболени од Ковид-19

Илустративна фотографија.

Вкупно 480 луѓе сомнителни и потврдени за Ковид-19 моментално се лекуваат на клиниките во главниот град Скопје, од кои 37 се примени во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од институцијата наведуваат дека голем дел од болните се на кислородна поддршка.

„Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Исто така е наведено дека и покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрво имало околу 40 слободни места и оти се очекува во текот на денот да се ослободат дополнителни места на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември по испис на оздравени пациенти.

Во моментов има над 21 илјада активни случаи на Ковид-19 во земјава, откако само вчера беа регистрирани 1.161 новозаразени лица.

Од почетокот на пандемијата регистрирани се над 72 илјади заболени, додека во истиот период починаа 2.077 луѓе.

Најголем број од заразените се во главниот град Скопје.

Министерто за здравство Венко Филипче на 8 декември иајви дека Министерството за здравство може да отпочнe директни преговори за набавка на вакцина од компанијата „Фајзер“, која произведува вакцина против ковид-19.

Тој исто така додаде дека освен набавка на вакцини преку Ковакс механизмот, земјата стапила и во директна комуникација со „Фајзер“ и „Астра Зенека“ за набавка на дополнителна доза вакцини за вакцинација и ревакцинација на граѓаните.