Времето денеска облачно со сончеви периоди

Илустрација - Облаци над Скопје.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во текот на денот со умерена облачност ќе има повремени сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, додека дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје наутро ќе има магла и ниска облачност, а во текот на денот повремени сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне 11 степени.