Нови 1161 заразени со Ковид19, 26 починати

Архивска фотографија- Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 3114 тестирања, а регистрирани се 1161 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје-410, а потоа следуваат Битола-75, Прилеп-59, Тетово-58, Велес и Кавадарци по 55, Куманово и Штип по 54, Охрид-51, Гостивар и Гевгелија по 38, Кочани-28, Струмица- 27, Струга-25, Неготино-24, Дебар-19, Свети Николе-18, Радовиш-14, Кичево-12 и Крива Паланка-10.

Починати се 26 лица, од кои најмногу од Скопје, седум пациенти. Најмладите починати се триесетгодишен скопјанец и 35 годишен пациент од Пробиштип, а сите починати се во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти.

Со денешните бројки вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 72044, бројката на оздравени пациенти е 48170, на починати е 2077, а бројот на активни случаи изнесува 21797.