За седум отсто пад на емисиите на јаглероден диоксид на светско ниво поради пандемијата

Илустрација- емисии на јаглероден диоксид во воздухот

Емисиите на јаглероден диоксид на светско ниво паднале за седум отсто годинава во споредба со минатата година поради затворањата и рестрикциите со кои се соочи светот поради пандемијата со Ковид19, покажува истражувањето на Глобалниот проект за јаглероден диоксид.

Групата меѓународни истражувачи во истражувањето објавено денеска наведуваат дека емисиите на јаглероден диоксид се паднати во Соединетите Американски Држави за 12 отсто, а во Европската унија за 11 отсто. Но, во Кина, тие се намалени само за 1,7 отсто, откако земјата го победи вирусот во првиот бран во почетокот на годинава и се отвори за работа.

Научниците сметаат дека падот на емисиите низ светот се должи најмногу на тоа што луѓето останаа дома и патуваа значително помалку со авиони и возила, а очекуваат повторен раст кога пандемијата ќе заврши.