За 24 часа 465 пријави во Македонија за неносење заштитна маска за лице

Илустрација - Граѓани со заштитни маски за лице во Скопје

За неносење на маска, во текот на изминатотот деноноќие на територијата на целата држава, изречени се 465 казни, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. Казната за непочитување на оваа мерка е 20 евра.