Бајден ја наименува Сузан Рајс за советник за внатрешни работи на Белата куќа

Сузан Рајс

Избраниот претседател на САД, Џо Бајден, објави нови назначувања за неговиот иден кабинет, вклучително и Сузан Рајс, која ќе биде советник за внатрешна политика на Бела куќа. 56-годишната Сузан Рајс, поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама, е една од најискусните државни службеници во САД и има вештини да биде во федералната влада, соопшти тимот на Бајден.

Хантер, синот на избраниот претседател на САД, Бајден, под даночна истрага

Рајс, која беше и американски амбасадор во ОН, беше меѓу фаворитите за државен секретар, кој на крајот му беше доделен на Ентони Блинкен. Бајден го назначи и Том Вилсак за министер за земјоделство, позиција што Вилсак ја извршуваше за време на претседателството на Обама од 2008 до 2016 година. Во образложението за назначувањето, Бајден изјави дека овие луѓе „ќе донесат највисоко ниво на искуство и интегритет“ за решавање на проблемите со кои се соочуваат Американците.