Времето денеска: променливо облачно

Претпладне по котлините со појава на магла. Во текот на денот променливо облачно, попладне со врнежи од дожд кои на места ќе бидат и пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде од 3 до 13 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 10 степени.