Владата ги прифати амандманите за Буџетот за 2021 година

Влада на Република Северна Македонија

Владата на денешната седница го утврди текстот на Дополнетиот предлог-буџет за 2021 година, прифаќајќи 18 амандмани кои произлегоа од расправата во собраниските комисии.

Според соопштението, прифатени се и дополнителни средства од 9 милиони денари за Уставниот суд за плати и надоместоци, како и обезбедување на дополнителни средства за одржување на поголем степен на програмски и техничко-технолошки развој на јавниот радиодифузен сервис.

Текстот на дополнетиот Предлог-буџет ќе биде доставен на усвојување во Собранието. На предлог на Министерството за финансии, на седницата усвоена е и ревидираната Фискална стратегија за 2021 – 2023, со дополненија до 2025 година, а усвоена е и Стратегијата за управување со јавниот долг со дополненија за уште две години.