Хоспитализирани 1313 заболени од коронавирус

Илустрација

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 870 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, според министерството, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1313 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Оттаму напомнуваат дека в предвид треба да се има дека бројките се менуваат од час во час според направените приеми и дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство наведува дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.