Османи–Блок: Холандија е за старт на преговорите со Северна Македонија

Бујар Османи и Стеф Блок

Холандија ги поздравува постигнатите резултати на Северна Македонија во насока на реализација на европските интеграции, особено во контекст на носењето храбри одлуки за унапредување на добрососедските односи и Холандија го поддржува отпочнувањето на преговорите за пристапување на Македонија со Европската унија, откако ќе биде усвоена Преговарачката рамка, рекол денеска холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок во телефонски разговор со неговиот македонски колега Бујар Османи, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

Османи рекол дека Холандија се вбројува помеѓу најголемите билатерални донатори на нашата земја што претставува исклучителен придонес за севкупниот напредок, како и за европската перспектива на земјава и посочил дека Македонија високо го цени холандскиот „строг и фер“ принцип, што значително ни помага во спроведување на реформската европска агенда и имплементирање на европските стандарди.