Ден на човековите права во светот во пандемија

Денеска се одбележува Денот на човековите права во светот. На овој ден во 1948 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човекови права. Станува збор за многу важен документ со кој се прогласуваат неотуѓивите права како човек - без оглед на расата, бојата, религијата, полот, јазикот, политичкото или друго мислење, националното или социјалното потекло, имотот, раѓањето или другиот статус. Достапен на повеќе од 500 јазици, тој е најпреведуваниот документ во светот.

Претепан активист за човекови права во Русија

Темата оваа година се однесува на пандемијата на ковид-19 и се фокусира врз потребата од подобро осигурување на човековите права како клучни во напорите за излегување од пандемијата. „Ќе ги достигнеме нашите заеднички глобални цели само ако можеме да создадеме еднакви можности за сите, да се справиме предизвиците на ковид-19 и да примениме стандарди за човекови права за справување со вкоренети, систематски и меѓугенерациски нееднаквости, исклучување и дискриминација“, се наведува во повикот на ОН за акција: „Застанете за човековите права“.