Самит на Европската унија во Брисел

ЕУ, Брисел

Лидерите на ЕУ ќе се состанат денеска во Брисел за да разговараат за понатамошна координација во врска со донесувањето на идниот буџет на Унијата по ветото на Унгарија и Полска доделувањето средствa да биде условено со развојот на демократиите во земјите членки. Европскиот совет ќе ја разгледа состојбата и ќе разговара за целокупниот напор за координација како одговор на пандемијата на ковид-19, вклучително и вакцинирањето и постепеното укинување на ограничувањата.

Дуда - Преговори за „привремен договор“ за буџетот на ЕУ

Лидерите на ЕУ исто така ќе се обидат да се согласат околу новата цел на Унијата за намалување на емисиите на штетни гасови во атмосферата до 2030 година. Ова ќе и овозможи на ЕУ да го достави својот ажуриран национално утврден придонес кон Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени пред крајот на 2020 година. Европскиот совет ќе се осврне и врз безбедносните прашања и особено врз борбата против тероризмот и насилниот екстремизам, вклучително и преку интернет.

Олбрајт: Западен Балкан не смее да остане во чекалницата на ЕУ поради забелешки на соседите

По изборите во Соединетите држави, Европскиот совет ќе одржи дискусија за односите меѓу ЕУ и САД. Во согласност со своите заклучоци од октомври 2020 година, Европскиот совет ќе се врати на ситуацијата во Источен Медитеран и на односите со Турција. Лидерите исто така ќе разговараат за односите на ЕУ со таканареченото „јужно соседство“.