Времето денеска: облачно со повремени врнежи

Ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во источните делови каде на места ќе бидат и поројни. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Дневната температура ќе биде од 4 до 13 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 11 степени.