Прв комерцијален лет на Боинг 737 МАКС по приземјувањето од 20 месеци

Архивска фотографија: Приземјени авиони Боинг 737 МАКС на аеродром во САД

Првиот комерцијален лет на авионот Боинг 737 МАКС по 20 месеци помина без проблеми, а авионот слета во Порто Алегре на југот на Бразил.
Како што јавува новинската агенција Франс прес, чии новинари биле на летот, авионот се приземјил после 1,5 часа лет на компанијата Гол од Сао Паоло.

На авионот се извршени модификации и беа направени бројни испитувања по две несреќи во 2018 и 2019 година во кои загинаа 346 лица, што предизвика голема криза во компанијата Боинг.