Заев: Мораме да ја победиме корупцијата

Зоран Заев

Денеска е Меѓународен ден за борба против корупцијата, ден кој нѐ потсетува дека корупцијата и политичките злоупотреби се најголеми непријатели на граѓаните и на владеењето на правото. Корупцијата ги краде парите на граѓаните, ја руши правната држава, ги слабее институциите и ја загрозува демократијата, создавајќи недоверба меѓу граѓаните, напиша денеска премиерот Зоран Заев на фејсбук по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, 9 декември.

Според премерот Заев, правдата, еднаквоста и слободата се првите жртви на политичките злоупотреби и корупцијата.

„Ги јакнеме институциите, ги намалуваме дискреционите права и моќта на политичарите и носителите на јавни овластувања. Никој не смее да е над законот, секој треба да работи со интегритет! Секој ден внесуваме европски стандарди дома, за Северна Македонија да ја направиме земја во која граѓаните сакаат да живеат и која ќе ја препознаваат како земја во која владее правото. На тој пат мораме да ја сузбиеме корупцијата, секој од нас, со свој придонес“, напиша премиерот.