Намален бројот на заразени и починати од ковид-19 минатата недела

Ковид-19 амбуланта во Скопје

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 декември, тестирани се вкупно 17.456 луѓе, што е намалување од седум отсто во однос на минатата недела. Регистрирани се 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 4,2 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, односно околу 40 отсто од вкупниот број. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 37 отсто, соопшти Министерството за здравство.

Минатата недела оздравеле 5.313 лица.

Пријавени се 184 смртни случаи од 25 града, со намалување од 10,7 отсто во однос претходната недела на известување. Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50 до 59 години, пет смртни случаи се пријавени од возрасната група од 40 до 49 години и еден случај во возрасната група од 30 до 39 години.