Нови 50 пациенти со ковид примени на инфективните одделенија во Скопје

Клиника за инфективни болести во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 50 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 37 оздравени пациенти.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението од Министерството за здравство.