Лавров на средба со членови на десничарската Алтернатива за Германија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Москва треба да се сретне со високи членови на крајно десничарската Алтернатива за Германија, соопшти Кремљ, кој оцени дека станува збор за „многу важна посета“. Русија одржува разновидни односи со Германија, кои беа успешни во одредени области, а помалку успешни во други, рече портпаролот на Кремљ Димитри Песков на вчерашниот брифинг, додавајќи дека претседателот Владимир Путин не планира да се состане со членовите на делегацијата. Алтернатива за Германија соопшти дека посетата е одговор на поканата од Руската Дума.

Навални го обвини Путин дека стои зад неговото труење

Германско-руските односи моментално се напнати по труењето на критичарот на Кремљ Алексеј Навални, кој беше успешно лекуван во болница во Берлин, откако беше евакуиран од Русија во август по, како што се верува, обид за негово труење.