Лидерите на ЕУ, Меркел и Макрон разговараа за претстојниот самит

Самит на ЕУ во Брисел, архивска фотографија

Лидерите на Европската унија Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел одржаа видео-средба со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон во ситуација кога продолжуваат преговорите со Британија, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на извори блиски до Унијата.

ЕУ усвои механизам на санкции против прекршителите на правата

Разговорите се одржаа три дена пред самитот на ЕУ во Брисел. Лидерите на ЕУ, Германија и Франција разговараа за темите на дневниот ред на самитот закажан за четврток и петок. Покрај Брегзит, на самитот ќе се дискутира и за пандемијата на коронарните вируси, блокадата на буџетскиот план на ЕУ по ветото на Унгарија и Полска, климатските промени, борбата против тероризмот и тензиите со Турција.