Бајден ќе номинира воено лице да го води Пентагон?

Лојд Остин

Избраниот претседател на САД Џо Бајден ќе го номинира пензионираниот генерал на армијата Лојд Остин за министер за одбрана, според извештаите на американските медиуми. Доколку биде потврдено, Остин, ветеран од конфликтите во Ирак и Авганистан, би бил првиот афроамерикански министер за одбрана. 67 годишниот Остин 41 година помина во војската. пред да се пензионира во 2016 година. За номинација ќе биде потребна потврда од Сенатот.

Бајден сака да преговара за ирански договор

Остин може да се соочи со противење на пратениците кои не сакаат воено лице да раководи со Пентагон. Номинацијата исто така може да предизвика критики затоа што Остин, откако се пензионираше, служеше во управниот одбор на голем број компании, вклучувајќи го и производителот на оружје Raytheon Technologies. Иако многу претходни секретари за одбрана поминале години во војска, само двајца - Џорџ Маршал и Џејмс Матис – беа офицери.