Нови 365 заразени со корона вирус и 25 починати

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 947 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на заразени од ковид-19, од кои најмногу во Скопје-126 лица.

Во изминатите 24 часа починати се 25 лица заразени со корона вирус. Дванаесет пациенти од Скопје, еден од Куманово, тројца од Прилеп, еден од Струга, двајца од Битола, двајца од Гостивар, еден пациент од Гевгелија, еден од Берово, еден од Делчево и еден пациент од Неготино . Од нив, двајца се починати вон болнички услови, а останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 68332, бројката на оздравени пациенти е 44705, на починати е 1949, а бројот на активни случаи изнесува 21678.