Британија и ЕУ продолжуваат со преговорите за Брегзит

Отстранување на британското знаме пред Европскиот парламент на 31 јануари, годинава.

Велика Британија и Европската унија ќе ги обноват денеска преговорите во Брисел во обид да го надминат ќор-сокакот пред крајот на преодниот рок за Брегзит на 31 декември. Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон и шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен вчера се согласија на таквиот чекор, велејќи дека нивните преговарачи треба да направат последен притисок за финализирање на договорот.

Двете страни продолжуваат да имаат значителни разлики за неколку критични прашања кои долго време го блокираа напредокот, се вели во заедничката изјава на Џонсон и фон дер Лајен.

„Додека ја препознавме сериозноста на овие разлики, се согласивме дека треба да се вложат дополнителни напори од нашите преговарачки тимови за да проценат дали може да се решат“, соопштија тие.

  1. Лидерите на Британија и ЕУ на разговори за Брегзит

Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари, но земјата оттогаш тргува со блокот под истите услови, како и во минатото. Неуспехот да се постигне договор до крајот на годината би можело да создаде хаос на границите и трговијата заради тарифите и другите мерки. Тоа сценарио би ги нарушило и финансиските пазари и рутите на снабдување ширум Европа и пошироко.