За неносење маска казнети 548 лица

Илустрација

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава вкупно се санкционирани 548 лица за неносење лична заштитна маска на лице, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 347.080 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67311, бројката на оздравени пациенти е 42872, на починати е 1901, а бројот на активни случаи изнесува 22538.