ВМРО ДПМНЕ продолжува со блокада на улици во повеќе градови

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата под мотото „Стоп за распродажбата на државните и националните интереси“, Скопје, 1 декември 2020

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги блокира улиците низ главниот град. „Заев тргува со идентитетот, јазикот, историјата. Народот се буди, протест сега, за да не биде предоцна. Протест во 20 градови низ Републиката и блокадата на Владата, МНР и Министерството за правда“, се вели во повикот на ВМРО-ДПМНЕ. Протестните блокади ќе почнат во 16:00 и ќе траат до 17:00 часот.

Бучковски во Софија, Комисијата онлајн за Делчев

Оваа партија почна да организира протести од минатата недела, по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС кое поттикна лавина реакции. Во него Заев, меѓу другото рече дека имаме заедничка, а не споделена историја, дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците и дека Југославија не разделувала.