Нови 946 заразени со ковид-19 и 33 починати

Ковид-19 центар во Скопје

Во последните 24 часа се регистрани 946 нови случаи на заразени со ковид-19 од вкупно 2564 направени тестирања. Најголемиот број на новозаразени се евидентирани во Скопје 426, потоа во Битола 61, Прилеп-56 и Тетово-46. Во изминатово деноноќие од последици од ковид 19 починале 33 пациенти од кои деветмина се од Скопје, а шест од Прилеп.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 789 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 63890, бројката на оздравени пациенти е 40977, на починати е 1825, а бројот на активни случаи изнесува 21088. Најголем број на активни случаи е забележан во Скопје изнесува 10 273, додека во внатрешноста најмногу активни случаи на заболени од коронавирус има во Прилеп 1002, па во Тетово 917, Гостивар 936 и Куманово.