Возачот на автомобилот кој удрил во пешаци во германскиот град Трир бил пијан

Полицијата и Брзата помош работат на местото каде што автомобил влета во пешаци во Трир, југозападна Германија, на 1 декември 2020 година.

Германската полиција соопшти дека во вчерашниот инцидент кога автомобил удрил во луѓе во пешачка зона во западниот град Трир, загинало бебе и уште три други лица. Возачот, 51-годишен локален маж, идентификуван од германските медиуми како Бернд В. е приведен од полицијата. Официјални лица изјавија дека осомничениот бил пијан и оти нема знаци дека инцидентот бил политички мотивиран. Портпаролот на локалната полиција Карл-Питер Јохем изјави дека осомничениот возел еден километар, „удирајќи луѓе по случаен избор“ пред да биде запрен од полициски автомобил.

Франција и Германија се за ревизија на Шенген зоната

Опишувајќи ја сцената како „ужасна“, градоначалникот Волфрам Либе рече дека до 15 лица биле повредени, од кои некои сериозно. Тој рече дека меѓу убиените има и деветмесечно бебе. Трир е средновековен град со околу 110.000 жители, сместен во близина на границата со Луксембург.