Претседатели, владици и терористи

САД - Доналд Трамп изјави дека нема да ја смени својата позиција дека биле наместените претседателски избори одржани на 3 ноември.

ГРЦИЈА - По 12 дена лекување со ковид-19, поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос денеска беше пуштен од атинската болница Евангелисмос.

СРБИЈА - Србија еднострано ја повлече одлуката за протерување на црногорскиот амбасадор Тарзан Милошевиќ од земјата, Пред оваа одлука, премиерката Ана Брнабиќ имаше состанок со претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ.

МАКЕДОНИЈА - Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците/Алтернатива поднесоа над 3000 амандмани на предлог измените на собранискиот Деловник, кои треба да овозможат одржување на онлајн седници.

ШРИ ЛАНКА - Во судири меѓу полицијата и затвореници кои се побуниле поради ширењето на коронавирусот во нивниот затвор биле убиени осуммина затвореници, а 71 се повредени, соопштија денеска властите.

КАТАР / МАКЕДОНИЈА - Вршителката на должност амбасадорка на Македонија во Катар, Елма Алторок потпишала меморандум за соработка со Мохамед Алтхаф, директор на хипермаркетите Лулу. Станува збор за најголемиот ланец на хипермаркети на Блискиот Исток и еден од најголемите во Азија, со годишен приход од околу 7,4 милијарди долари, со кој ќе се промовира деловна соработка за увоз на земјоделски производи, месо, производи од месо, македонски ајвар и повеќе сорти сирење во Катар, соопшти Кабинетот на заменик претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи.

НИГЕРИЈА - Бројот на жртвите во неодамнешниот напад на терористите на Боко Харам во североисточна Нигерија се искачи на најмалку 110, изјави претставник на ООН.