Многу научници оваа година очекуваа најголем годишен пад на емисиите на јаглерод диоксид досега, бидејќи мерките за задржување на ширењето на коронавирусот донесоа: приземјени авиони, прикотвени бродови и патници во карантин дома. Според нив, нема знаци на забавување, а камоли на опаѓање на концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата и покрај сите обврски согласно Парискиот договор за климатски промени. Светската метеоролошка организација го опиша предвидениот пад во 2020 година како „мал знак“ и наведува дека намаленото влијание на концентрациите на јаглерод диоксид кои придонесуваат за глобалното затоплување нема да биде поголемо од нормалните годишни флуктуации.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Ковид-19 го намали загадувањето, ама недоволно
„На краток рок, влијанието на ограничувањата заради ковид-19 не може да се разликува од природната варијабилност“, се наведува во Билтенот за стакленички гасови на оваа организација.
Видете и ова:
Кој е одговорен за нереализираниот План за чист воздух?
Годишниот извештај објавен од агенцијата ОН со седиште во Женева ја мери атмосферската концентрација на гасовите - јаглерод диоксид, метан и азотен оксид - кои ја загреваат нашата планета и предизвикуваат екстремни временски прилики. Генерален секретар на СМО, Петери Талас вели:
„Ако постигнете неутралност на јаглерод или оваа цел од 1,5 степен, тогаш треба да станеме неутрални од јаглерод до 2050 година. И, како што реков, добрата вест е дека сега имаме се поголем број земји и групи на земји кои се посветиле на тоа. Досега имаме 50 проценти од глобалните емисии што доаѓаат од Кина, Европската унија и Јапонија и Јужна Кореја.“
Нивоата на јаглерод диоксид, производ на согорување на фосилни горива што е најголем придонесувач за глобалното затоплување, достигна нов рекорд од 410,5 делови на милион во 2019 година. Годишниот пораст е поголем од претходната година и го надминува просекот во последната деценија.
Глобалните податоци сè уште не се достапни за 2020 година, но трендот на зголемување на концентрациите се чини дека е недопрен, соопшти СМО, повикувајќи се на првичните читања од станиците во Тасманија и Хаваи. Како и другите научни тела, СМО соопшти дека сепак очекува годишните глобални емисии на јаглерод малку да паднат оваа година заради мерките против ковид-19.
Сепак, шефот на СМО за истражување на атмосферско опкружување, д-р Оксана Тарасова вели дека големината на зголемувањето на нивото на јаглерод диоксид во последните четири години е споредлива со промените забележани за време на промената од ледено доба, но, тогаш, транзицијата се случи во текот на многу подолг временски рок.
„Влијанието на ковид врз емисиите е помеѓу 4 до 7 проценти, па и покрај фактот дека се чинеше оти светот стои во мирување, ние добиваме само намалување од 4 до 7 проценти и произведени емисии. Значи, целата наша економија и нашите потрошувачки модели, всушност, нè носат на екстремно високи емисии, дури и ако сите седиме на заклучување и ја ограничуваме нашата подвижност, бидејќи заклучувањето е само ограничување на нашата подвижност, а не и на потрошувачката.“
Затоа Тарасова додава дека без оглед на тоа што правиме за да ги ограничиме емисиите денес, голем дел од јаглерод диоксидот што се испушта веќе неколку децении останува во атмосферата и придонесува за глобалното затоплување.
„Значи, СО2 што го имаме сега во атмосферата е акумулиран од 1750 година, така што тоа е секој поединечен дел што го ставивме во атмосферата од тоа време всушност ја формира сегашната концентрација. Не е тоа што се случи денес или вчера, тоа е целата историја на човечкиот економски и човечки развој.“