Заев, Бајден и Марадона

МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев во интервју за БГНЕС изјави дека Бугарија не е фашизам, туку пријател на Македонија. Тој порочи и дека имаме заедничка историја со Бугарија и дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кои се бореле за слободата на Македонија и Одринско. Изјавите наидоа на остра критика во јавноста, а македонска членка на историската комисија во преговорите со Бугарија се огради од изјавите на Заев.

КИНА - Кинескиот претседател Си Џинпинг му честиташе на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден за победата на претседателските избори на 3 ноември.

НАГОРНО КАРАБАХ - Азербејџанските трупи навлегоа во областа Калбачар откако беше предадена од Ерменија како дел од договорот со кој завршија шестнеделните борби околу отцепената област Нагорно-Карабах.

ГЕРМАНИЈА - Автомобил со слогани испишани на страните влета во портата на канцеларијата на канцеларката Ангела Меркел во Берлин.

БЕЛГИЈА - Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, најави дека првите граѓани на Европа ќе бидат вакцинирани против Ковид-19 пред крајот на декември оваа година.

РУСИЈА - Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека растурила ќелија на екстремистичката група Исламска држава која планирала акти на саботажа и терор во московскиот регион.

САД - Соединетите држави се подготвени да го водат светот, рече избраниот американски претседател ЏоБајден денес во Вилмингтон, претставувајќи го дел од тимот на неговата идна влада.

АРГЕНТИНА - На 60-годишна возраст почина фудбалската легенда Диего Марадона, најверојатно од срцев удар. Пред десетина дена имаше успешна операција на тромб на мозокот, по што требаше да го продолжи лекувањето од зависноста од алкохол.