Кина испрати сонда на Месечината

лансирната кула во вселенскиот центар за лансирање Венчанг во провинцијата Хаинан,

Кина денеска испрати сонда на Месечината, која се очекува да собере карпи од Месечината и да се врати на Земјата, во првата ваква операција во светот по повеќе од 40 години. Ракетата со сондата беше лансирана од вселенскиот центар Венчанг, на јужниот тропски остров Хаинан. Мисијата Чанг'e 5, именувана по божицата на Месечината во кинеската митологија, е досега најамбициозната кинеска мисија на Месечината. Доколку биде успешна, тоа ќе биде голем чекор напред за вселенската програма на Кина, а некои експерти велат дека тоа може да биде подготовка за земање примероци од Марс, па дури и за мисии на Месечината со екипаж.


Првата прашина донесена од Месечина на аукција

Ова е прв обид за пренос на лунарни примероци со сонда без екипаж од 1976 година, кога сондата на поранешниот Советски сојуз Луна 24 успешно ја изврши мисијата. Кинеското летало треба да слета на Месечината на крајот на ноември, а враќањето на примероците на Земјата треба да биде на почетокот или средината на декември. Ова не е прв пат Кина да испраќа вселенски летала на Месечината. Кина инвестира милијарди долари во својата вселенска програма за да ги достигне Европа, Русија и Соединетите држави. Таа го испрати својот прв астронаут во вселената во 2003 година, сака да изгради голема вселенска станица околу 2022 година и очекува да испрати човек на Месечината за петнаесет години.