Казни за 704 лица поради неносење маска

Луѓе со заштитни маски, илустрација

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 704 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Носењето маска е дел од мерките за справување со ковид-19. Со измени на Законот за заштита на населението од заразни болести на сила ќе стапат и мерките за задолжително носење на заштитни маски на отворено, потоа забрана за групирања надвор на повеќе од 4 лица по 22 часот и ограничувања на собири во домашни услови, односно едно семејство да може да прими најмногу четири лица кои не живеат на таа адреса.

Корона - казни има, но свест нема

Последните мерки кои се донесоа пред законските измени се економски оператори да работат до 21 часот, автобусите да возат со 50 отсто од капацитетот, а вработените во администрацијата, општините и судовите, секаде каде што тоа е можно, да работат во смени или онлајн од дома или редуцирано по систем на ротации.