Нема пријави за повредени лица во пукањето во скопски Чаир

Нема пријавено повредени лица во пукањето пред продавница за автоделови во скопската населба Чаир, кое се случило попладнево, соопштија од МВР.

„На 20.11.2020 во 14:55 пријавено е пукање од огнено оружје на ул.„Цветан Димов“ пред продавница за автоделови. До сега нема пријавено повредени лица. На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје“, посочуваат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.