Владата ја почна постапката за воведување кризна состојба

Влада на Република Северна Македонија / Government of the Republic of Macedonia

Владата на вечерашната седница почна постапка за прогласување на кризна состојба на територија на целата држава. Владата постапуваше по препораките на Советот на безбедност, кој предложи да се воведе кризна состојба во траење од 30 дена со цел ефикасно справување со последиците од кризата со ковид-19.

За членови на Групата за процена се именувани Стојанче Ангелов како вршител на должност директор на Центарот за управување со кризи и Беким Максути, вршител на должност директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Ангелов е именуван и за член на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи. Тој ќе раководи и со Групата за процена. Откако ова е направено, Групата за проценка треба да даде мислење, по што Управувачкиот комитет треба да предложи до Владата да воведе кризна состојба, а таа потоа ќе донесе одлука за прогласување на кризна состојба, стои во владиното соопштение.