Нови 1198 случаи на коронавирус, 26 починати

Министерството за здравство денеска регистрира 1198 случаи на коронавирус во земјава, а 26 луѓе починале. Направени биле 3081 тестирања.

Скоро половина, односно 572 нови случаи се во Скопје. Во Битола има 92 нови случаи, Прилеп 53, Штип 49, Велес и Охрид по 42, Куманово-41, Струмица и Струга по 34, Кичево-33, Тетово-28, Свети Николе-20, Берово-19, Кавадарци-18, Кочани-14, Гостивар, Крива Паланка, Виница, Делчево и Неготино по 11, Валандово-9, Пехчево-7, Радовиш и Крушево по 6, Пробиштип и Кратово по 5, Ресен-4, Гевгелија, Демир Хисар- и Македонски Брод по три и еден нов случај во Дебар.

Меѓу починатите има двајца 35-годишници и еден 37-годишник.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 621 оздравени пациенти.

д коронавирус во земјава досега починаа 1423 луѓе, а бројот на активни случаи изнесува 19586. Од почетокот на епидемијата досега има регистрирано над 51 илјади случаи во земјава.