Заев-ММФ: Економијата може да закрепне со капитални инвестиции

Илустрација - Премиерот Зоран Заев на седница на Влада

Премиерот Зоран Заев одржа онлајн средба со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу, резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и економисти на ММФ во Вашингтон, како дел од редовните годишни консултации, соопштија од Владата.

Состанокот имаше за цел информирање за економските изгледи, фискалната и монетарната политика како и финансиската стабилност во земјава. Премиерот Заев ја истакна соработката со ММФ како значително важна од повеќе аспекти меѓу кои и мониторингот на економските перформанси на нашата земја.

Од ММФ оценуваат дека реализација и вложувања во капиталните инвестиции во следниот период можат да помогнат за зголемување на потенцијалот за раст на економијата, со препорака во услови на КОВИД-19 да се продолжи со поддршка на здравствениот систем како приоритет, како што впрочем е предвидено и во предлог Буџетот за 2021 година.