Влошена состојбата на српскиот патријарх Иринеј поради ковид-19

Српскиот патријарх Иринеј

Oпштата состојба на српскиот патријарх Иринеј како последица на ковид-19 е влошена, соопшти Српската православна црква.

„Постојаниот конзилиум на лекари, во присуство на лекари од Руската Федерација, ја следи општата и клиничката состојба на Српскиот патријарх Иринеј”, соопшти СПЦ.

90-годишниот српски патријар се лекува на Воено-медицинскиот центар Карабурма, каде е хоспитализиран од 15 ноември.