Шакир Фетаху избран за поглавар на ИВЗ

Новоизбраниот поглавар на ИВЗ, Шакир Фетаху

Со 18 гласа „за“ и три „против“, Шаќир Фетаху, е избран за поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), откако беше разрешен претходниот поглавар Сулејман Реџепи.

Новоизбраниот поглавар рече дека денска победило „човечкото“.

„Денес е одличен ден за сите муслимани во Република Северна Македонија, денес победи ИВЗ, денес победивме сите, човечкото и конструктивното. Од денес, имаме голема доверба и одговорност да го претставиме исламот во неговиот оригинален и традиционален дух“, рече Фетаху по изборот.