Времето денеска: променливо облачно со дожд

Претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, позастапени на југоистокот. Попладне облачноста на места делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Дневната температура ќе биде од 9 до 15 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 12 степени.