Нови 977 заболени од корона, а починати 31 лице

Ковид-19. Илустрација.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2930 тестирања, а регистрирани се 977 нови случаи на Ковид-19. Најмногу заболени има во Скопје, односно 503 лица. Додека пак Институтот за јавно здравје денеска регистрира 843 оздравени пациенти.

Починати се 31 лице, седум пациенти од Скопје на возраст од 74, 78, 82, 51, 38, 60 и 64 години, двајца од Куманово на возраст од 76 и 67 години, еден од Дебар на 71 годишна возраст, двајца од Штип на 62 и 67 години, двајца од Прилеп на 78 годишна возраст, двајца од Тетово на 72 и 76 години, двајца од Велес 78 годишна возраст, четири пациенти од Битола на 71, 87, 44 и 67 години, три од Охрид на 65, 78 и 78 години, еден пациент од Кавадарци 72 години, еден од Гевгелија на 56 години, тројца од Кичево на 47, 68 и 53 годишна возраст и еден пациент од Неготино на 74 година.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 48613, бројката на оздравени пациенти е 28646, на починати е 1376, а бројот на активни случаи изнесува 18591.